Преглед на 8. коло во Третата лига – Исток

Во неделата се одигра и осмото коло од Третата лига – Исток. Во оваа коло беа одиграни сите 7 натпревари.

Првиот натпревр беше одигран во Свети Николе помеѓу Овче Поле и Саса без голови 0:0, додека во Радовиш, Плачковица со 6:1 ја декласираше Слога 1934.

Во осмото коло беше постигната и најубедливата победа во оваа сезона, Беласица на „Младост“ со 24:0 го декласираше Конче Бирлик.

14333613_765315980277151_1761538924284977616_n

Осогово во Кочани го пречека Малеш и со 2:0 славеше сигурна победа, додека Брегалница Делчево со 2:1 го победи Кит-Го Пехчево.

Рудар на домашен терен не успеа да го победи Василево и да дојде до првата победа. Екипата од Пробиштип со 2:3 беше поразена.

Тиверија со 2:1 го совлада Напредок Радово и дојде до 3 значајни бода.

Следното коло е закажано за 23 октомври со почеток од 14:30 часот.

 

Comments are closed.

Capture