Тиверија го победи Напредок Радово

Екипата на Тиверија со 2:1 славеше над Напредок Радово во натпревар од осмото коло во Третата лига – Исток.

12107142_762418040552169_2221589712553257892_n

Со новите три бода фудбалерите на Тиверија сега се искачија за две места на табелата, односно од осмото место се искачија на шесттото место со вкупно 11 освоени бодови.

Напредок Радово се „лизна“ за две места на табелата по поразот, односно од десеттото место се пресели на 12-тото место со вкупно 6 освоени бодови.

Во следното коло Тиверија е слободна, додека Напредок Радово на домашен терен го пречекува Осогово од Кочани, каде Радово ќе има тежок натпревар.

Comments are closed.

Capture