Претставник на општина Струмица на студиска посета во Холандија по нови искуства за заштита од дискриминација

Координаторот за еднакви можности на мажите и жените во општина Струмица, Нела Масалковска, беше на студиска посета во Утрехт, Холандија. Студиската посета беше реализирана во рамките на проектот на асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Хера, „Заштита од дискриминација, со фокус на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет на локално ниво”. 14717127_1092675127452583_7465098699686595262_nЦелта на проектот е да се запознае холандискиот систем за заштита од дискриминација, како и системите за обезбедување на еднакви можности меѓу мажите и жените. Посетата овозможи запознавање на механизмите за заштита од дискриминација во Градското собрание во Утрехт, Рутгерс-нво,Член 1, Институт за човекови права, полицијата во Утрехт и најстарата организација која работи за заштита на дискриминација врз основа на сексуална ориентација.

Општина Струмица е дел од овој проект од март оваа година и истиот е поддржан од Амбасадата на кралството Холандија во Скопје.14666078_1092675124119250_2663555330262735060_n 14572795_1092675120785917_3251934493409467514_n

Comments are closed.

Capture