Преглед на 8. коло во Втората лига

Во саботата беше одиграно осмото коло од Втората македонска фудбалска лига, каде беа одиграни сите 5 натпревари.

14572144_777972542344828_990490264080185033_n

Првиот натпревар беше дерби дуелот помеѓу Академија Пандев и Скопје. Струмичани го добија дуелот со 2:0 со што се изборија за нови значајни 3 бода, па така нивната бодовна предност сега е 4 бода пред второпласираниот Новаци и третопласираниот Еуромилк.

Вардар Неготино на домашен терен загуби од Новаци кој од натпревар во натпревар игра се подобро, па така со ова победа Новаци е второпласиран со 15 бодови на табелата.

Љубанци 1974 Кавадарци дојде до втората победа во оваа сезона против Тетекс од 2:0 на домашен терен. Љубанци со својата втората победа и 6 освоени бодови е деветто пласиран на табелата.

Еуромилк беше подобар од Велазерими со 2:1 на домашен терен. Домаќините од овој натпревар се на делба на второто место со Новаци со по 15 бода.

Металург го победи Хоризонт Турново со 3:1, па така ланскиотпрволигаш од Скопје сега е на петтото место со 13 бода, додека Турновци се шести со 10 бода.

Следното коло се игра на 22 октомври со почеток од 14:30 часот.

Comments are closed.

Capture