Академија Пандев го победи Скопје и ја зголеми бодовната предност

Екипата на Академија Пандев на домашен терен со 2:0 го победи Скопје и ја зголеми бодовната предност на 4 бода во однос на второпласираниот Новаци и третопласираниот Еуромилк.

Akademija Pandev - Teteks - 4 kolo

Академија Пандев по оваа значајна победа останува на првото место на табелата со 19 бода, додека Новаци и Еуромилк се на делба на второто место со по 15 бода.

Екипата на Скопје по поразот од струмичани се сели на четвртото место со 13 освоени бодови.

Во следното коло кое се игра на 22 октомври, Академијата му гостува на Хоризонт Турново.

Comments are closed.

Capture