За подобро расположение – едно бразилско оревче на ден

Бразилскиот орев е познато јаткасто овошје пребогато со витамини, минерали  и растителни влакна. Содржи значителни количини на железо, калциум,  витамин Б1, Витамин Е, огромно количество на фосфор, манган и магнесиум. Но сепак, најзначајно кај бразилскиот орев е огромното количество на селен.

brazilski orev

Селенот е најсилен антиоксиданс, заштитник на човековите клетки од штетното агресивно дејство на таканаречените слободни радикали и другите штетни агенси. Доколку преку храната не внесуваме доволни количества селен сме вознемирени, депресивни, меланхолични и хронично уморни.

Ако со храната внесуваме оптимални количества селен, се подобруваат расположението и општата здравствена состојба. Подобрувањето на расположението се должи на антиоксидативното својство на селенот, со што се подобруваат човековите ментални функции и овозможува подобар прилив на крв до мозокот.

Comments are closed.

Capture