Кој е најубав хороскопски знак?

Овните се физички силни и со изразени црти на лицето. Спортски градени, а мускулите се забележливи дури и ако имаат вишок килограми. Најчесто имаат темен тен, густа коса и мазна кожа. Нивниот изглед остава впечаток на сила и енергија. Не се склони кон дебелеење. Црвената боја го истакнува нивниот карактер.

horos

Биковите се препознатливи по симетрично лице и полни усни. Носот им е округол, а тенот сјаен. Телото обично им е пропорционално, па ако качуваат килограми обично се распределуваат пропорционално. Нивниот изглед остава впечаток на мекост и сила истовремено, се облекуваат елегантно, најчесто во зелено и кафено.

Истакнати очи го красат насмеаното лице на Близнаците. Имаат прилично долги раце и нозе, обично се витки и делуваат грациозно иако немаат истакнати мускули. Имаат прилично неизразен струк. Омилена боја жолта и сребрена.

Раковите имаат изразен нос и високо чело, кружно лице и истакнати јаболчници. Брадата е округла, косата темна и не претерано густа. Иако се витки, најчесто после 30-тата качуваа килограми. Имаат чувствителна кожа и краток врат. Суптилни се, а омилени бои им се црна и бела.

Широко чело и густа коса се карактеристики на вистински Лав. Убаво обликуван нос, силна мускулатура. Омилени бои жолта и портокалова. Сакаат и спортски аутфит.

Девиците се витки, а вишокот најчесто се насобира кај рацете и стомакот. Телото им е симетрично и складно како и цртите на лицето. Важат за убави луѓе. Сакаат неутрални и неупадливи комбинации во нијанси на сина и зелена.

Вагите имаат правилни црти на лицето. Обично се повисоки од просекот, а целокупниот изглед делува софистицирано. Често имаат впечатлива боја или фора на очите. Сакаат да се дотеруваат и истакнуваат со изгледот. Сакаат нијанси на сина и црвена.

Иако се слаби, Скорпиите делуваат силно и високо. Имаат нешто пошироки рамена од просекот и колкови. Лицата им се впечатливи, со сензуални усни, неправилен нос и продорни очи. Косата им е најчесто кафена и густа. Сакаат да изгледаат убаво, но не нападно. Омилени бои црна и сива.

Стрелецот има најдобра фигура во Зодијакот. Најчесто се просечно високи и спортски градени. Но, овие природни карактеристики ги уништуваат со прекумерно уживање во храната. Имаат по малку долгнавесто лице и изразени сини или зелени очи. Често имаат проблеми со опаѓање на косата. Сакаат спортски и лежерен изглед, а омилени им се силните бои.

Јарците имаат елегантен и долг врат и ковчести раменици. Најчесто се иски или со средна висина, профилот на лицето им е заоблен, а најчесто имаат увлечена брада и впечатливи заби со убава насмевка. Сакаат нијанси на зелена и кафена.

Водолиите се најчесто со средна висина или нешто пониски, со светол тен. Ако се здебелуваат често добиваат подбрадок, но ова се случува по 30-тата. Имаат помали дланки и стапала, но убави нозе. Широки меки усни, а омилени бои им се виолетова и сина.

Рибите имаат одличен тен, мека кожа и убави црти на лицето. Најчесто имаат округло или долгнавесто лице, со сјајна коса. Горниот дел од телото обично е потесен од долниот кој е заоблен и широк. Имаат сјајни очи и срдечна насмевка на која ретко кој останува рамнодушен. Омилени бои им се зелена и црвена.

Comments are closed.

Capture