Право на говор не е право на говор на омраза! Медиумите се обучуваа за борба против говорот на омраза на интернет

Говорот на омраза е злоупотреба на слободата на изразување! – беше мотото на синоќешната обука за новинари, уредници и администратори на веб-портали која што се одржа во хотел Сириус во Струмица. Обуката ја организираше Фондацијата Метаморфозис и Мисијата на ОБСЕ во Скопје во синергија со Сервисот за проверка на факти од медиумите.

govor na omraza 1

Целта на еднодневната обука беше на новинарите да им се покажат алатките со кои што тие ќе се борат против говорот на омраза, термин кој се` уште е непознат за поголемиот дел од популацијата, но врши раздор во општеството. Живееме во време кога интернетот овозможува неограничена слободна на изразување на секоја индивидуа. Меѓутоа, како што се зголемува слободата, така се зголемува и одговорноста. На обуката беше истакнато дека веб-порталите имаат одговорност за коментарите на своите читатели кои шираат и поттикнуваат на омраза. Медиумите најлесно можат да бидат злоупотребени во политичка и етничка битка и затоа тие се одговорни изигрувањето на јавниот интерес.

AAF_7578_800x534 AAF_7582_800x534 AAF_7528_800x534 AAF_7534_800x534

Обучувачи беа Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис, Томе Шеќерџиев од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Владимир Петрески, новинар и уредник на Сервис за проверка на факти во медиумите. На обуката беше претставена и првата мобилна апликација во светот за борба против говорот на омраза која што  има за цел поефикасно информирање и подигнување на јавната свест. Апликацијата можете да ја слегнете на следниов линк: http://nemrazi.mk/app/

AAF_7565_800x534

Говорот на омраза најмногу вирее кога никој не му се спротиставува. Бидејќи насилниците често се и кукавици, тие се повлекуваат при првиот знак на отпор. Молчењето е учество. Само активното спротиставување може да спречи ширење на омразата и да ги заштити оние кои се на удар на омразата.

Според Кривичниот законик на Македонија, ширењето омраза е кривично дело за кое следува казна од 1 до 10 години затвор, во зависност од последиците.  А според законот за спречување и заштита од дискриминација, секое повикување и поттикнување на дискриминација се казнува со глоба во износ од 400 до 600 евра.

AAF_7560_800x534 AAF_7575_800x534

AAF_7539_800x534

По дефиниција, говорот на омраза претставува пристрасен, непријателски, злонамерен говор насочен кон еден човек или група луѓе поради некои карактеристики кои ги имаат или кои им се припишуваат дека ги имаат. Овој говор се потпира на предрасуди кон луѓето поради нивниот пол, сексуална ориентација, раса, религија, етничка припадност, боја на кожата, националното потекло, некој вид на попреченост (ментална, интелектуална, физичка). Говорот на омраза има намера да повреди, да го претстави некого како помалку човек од другите, да вознемири, да понижи, да омаловажи, деградира и поттикне нечувствителност и бруталност кон одредени групи поради нивните карактеристики.

AAF_7559_800x534 AAF_7561_800x534 AAF_7550_800x534 AAF_7556_800x534

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o