Турново ремизираше со Пелистер во Битола

Фудбалерите на Турново во рамки од 11-тото коло одиграа нерешено (0:0), на гостувањето кај Пелистер во Битола. После овој натпревар Турново се наоѓа на седмото место со 15 бодови, додека пак Пелистер е на шестото место со 16 бодови. Во досегашните 11 одиграни кола Турновци 12 пати ја погодиле противничката мрежа, додека 13 пати топката завршила во нивната мрежа.
Во следното коло кое што се игра на 26 октомври со почеток од 13:30 часот, Турново на домашен терен ќе игра против Шкендија, тим кој што моментално е пласиран на третата позиција со 18 бодови.

3cBHbb8
Лидерот на табелата веќе е познат, Вардар со 27 бодови, на второто место е Работнички со 19 бодови. На дното од табелата останува Тетекс со само два освоени бодови и едно место погоре односно на деветото е Брегалница со 8 бодови.

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o