Љубинка Стојанова најдобар млад библиотекар во Струмица

Љубинка Стојанова од ООУ „Маршал Тито’’ од Струмица е најдобариот млад библиотекар според резултатите од натпреварот „Млади библиотекари“ кој се организираше во библиотеката „Благој Јанков Мучето’’. Од максимален број на поени 170, Стојанова освои 165 и позади себе ја остави конкуренцијата од 28 натпрварувачи од општина Струмица, Босилово, Василево и Ново Село.

IMAG0577

„Ова натпреварување е традиционално во нашата библиотека кое што се одржува во месец октомври и секако претставува уште една потврда дека библиотеката е вистинско катче за љубителите на книгата и меѓу најдобрите културни институции во општината’’ – вели Тања Гошева, директор на библиотеката.

IMAG0576
Како преставник на Струмица, Љубинка Стојанова на 24 октомври ќе учестува на републичкиот натпревар во Велес.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o