Младински совет една од најактивните младински организации во Македонија

За проектите на Младински совет и за многубројните иновативни и вредни активисти, основци, средношколци и студенти се пишува скоро секој месец.  

концерт

Организацијата постои скоро шест години и сите досегашни нејзини успеси се овозможени преку неуморните и креативни идеи и ангажмани на младите струмичани, но и големата поддршка од локалната самоуправа, градоначалникот и советот на општина Струмица во кој било нивен состав.

платисонасмевка1

Како признание за добрата соработка во канцелариите на Младински совет стојат закачени плакетите од СВР Струмица, Струмички карневал, Ансамбл Тримери, турнирот Струмица ОПЕН и странски амбасади. Тука се и соработките со други невладини организации од други држави, со младинскиот национален совет во Македонија, коалиција СЕГА, Младински образовен форум… Добрите контактите и заедничките идеи за проекти со општествено-одговорни компании на општинско и национално ниво веќе започнаа да ги дават своите резултати, а некои од нив ќе бидат реализирани идната година.

театар

„Како членови на Младински совет кои биле активни во 2013 година преку вас медиумите, како неуморни поддржувачи на нашите проекти, сакаме да потсетиме на сите убави настани преку кои се обидовме да допреме до различни возрасни групи, да ја разбудиме хуманоста и да ја збогатиме културно-уметничката програма во нашиот убав град“.

флешмоб

Хуманитарните концерти беа голем предизвик и опфатија голем дел од годинашната програма на Младински совет. Најпрво традиционалниот трет новогодишно-божиќен хуманитарен концерт во соработка со СОУ „Јане Сандански“ посветен за Тоше Проески, па велигденскиот марш и концерт со Нокаут, Аларм, Friends и Wipe out. Во 2013 година беа остварени две соработки со здруженијата Борка, Хуманита, Црвен крст, Порта, Медикус хелп и струмичката естрада за два концерта во НУЦК „Антон Панов“.

тоше

Ораторската вечер за Борис Трајковски и реактивирањето на дебатниот клуб беа одлична можност за стекнување искуство на млади говорници кои учат како да го кажат јавно своето аргументирано мислење.  Оттука потекнуваат и идеите за трибини на различни теми, како филм и театар, младите и полицијата, човекови права и др.

mladisnki

Дел од членовите на Младински совет кои доброволно се пријавија имаа прекрасна можност да добијат сертификат од обука „Како да најдеш работа и да ја задржиш?“ во соработка со Норвешката амбасада.

Доказ дека младите сакат да го негуваат спортот беше одбележувањето на Денот на здравјето во соработка со СОУ „Димитар Влахов“, хуманитарните турнири на СОУ „Никола Карев“ како и традиционалните Стрит баскет и одбојкарски турнир на плоштадот „Гоце Делчев“.

Одбележувањето на сите интернационални денови е уште една препознатлива одлика на Младински совет. Преку флеш моб за мир и толеранција, преку бесплатни колачиња за ден на насмевка, преку чистење за ден на чиста планина и преку песни и игра за ден на европските јазици…

Освен работење, младите докажаа и дека знаат да се забавуваат со необичната вечер во клуб Платинум каде што ги натераа своите врсници да уживаат во ноќниот живот со бели маички, многу прскави бои, балони и на ниски потпетици.

Оваа работна година треба да заврши со најмасовниот проект во кој ќе бидат вклучени околу 2.500 ученици од основните училишта кои ќе донесат празнична магија на струмичкиот плоштад.
29-ти декември е денот резервиран за создавање на највеселата, кратка и слатка предновогодишна забава.

Младински совет

Comments are closed.

64867_108681305985117_2023158677_n