Успеавме Струмица да добие силен и конкурентен рап!

Прво се нарекуваа Трета дивизија и имаа поголем број на членови, а потоа, како поминуваше времето, кругот на рапери се намали и останаа четворица. Денеска од некогашното име остана само ,,Дивизија” а Стојан Ѓоргиев - Chronic, Драги Андонов -Kiskinov, Костовски Ѓорги- Farse и Христов Иван- Bandit себе се сметаат за горди претставници на струмичкиот рап кои успејаа да на хип-хоп сцената на овие простори донесат освежување, оригиналност и квалитет.

Се сеќавате ли на својата прва песна и кога за прв пат јавно настапивте?

-Првата песна  што излезе од нашиот град Струмица и што не поттикна и останатите да работиме и правиме таква музика е «Животот е…», а нашиот прв јавен настап беше за Денот на пролетта во далечната 2003 година, на центарот во Струмица, кога прв пат Струмичани имаа можност да ги видат единствените ХипХоп артисти од Струмица на сцена.

Каде ја пронаогате инсипирацијата?

-Ке цитираме еден стих “Се ме инспирира и секад имам да пишам, многу повеке од секој здив што можам да го вдишам” . Значи, буквално инспирацијата е секаде околу нас.

Дали правите текстови по своја желба или гледате да ја задоволите публиката?

- Се разбира, тоа што имаме ние да го кажеме тоа е најбитно, текстовите се како ние гледаме на работите и како се чуствуваме лично ние, никој нема право да се нарече артист и уметник ако не ја прави музиката поради самата музика. Ако правиш поради други цели, како на пример да бидеш виден на ТВ, тогаш никој нема право да се нарече нешто од горе наведеното.

Како настана ваша најпопуларнија песна ,,Мојот град”?

-,,Мојот град”, идејата за песната како и идејата за спотот чисто случајно.  Најпрво ја снимивме песната и немавме никаков план да снимиме спот, но со помош на неколку луге кој еве сакам јавно да им се заблагодариме, си знаат кои се тие, произлезе идејата да се сними спот за таа песна и да стане заштитен знак песната за нашиот преубав град.

Как се  реакции после таа песнадали нешто се промени?

-Драстично ништо не се промени, едноставно Струмичани видоа само дека стварно постои оригинална екипа од Струмица и за нијанса лугето почнаа да не сфаќат посериозно.

Дали се има променето нешто на хип хоп сцената во Струмица откако вие ја основавте групата до сега?

- Па да, се смени една работа… до пред нас Струмица во врска со рап музиката беше предмет на исмејување, немаше никаков квалитет, никаква оригиналност, ние ја доведовме до степен Струмица да има силен и конкурентен рап на нашите простори. Дивизија е добро позната и почитувана екипа на нашата рап сцена и ке се трудиме да го презентираме нашиот град во најдобро светло, иако сеуште ја немаме доволно подршката од лугето, но се во свое време, ние нема да се откажеме.

Дали сте задоволни со досегашните резултати на групата, или имате уште неостварени цели?

- Текот на работите во таа 1 година којашто сме активни повторно навистина е добар. Додуша, таа работа сака многу залагање, а времето и другите обврски не ни дозволуваат да се посветиме целосно на музиката, бидејки сеуште не го работиме ние тоа професионално, но ке се залагаме и ке се унапредуваме и подобруваме се повеке и повеке, за тоа гарантираме.

Дали имате во план некои нови песни во скоро?

-Да, во најскоро време спремаме нови песни и нови изненадувања, се работи на неколку различни проекти кои ке бидат вистинско освежување. Во план е и нов спот од Дивизијата, така да фановите на рап музиката може да очекуваат добри рапови во најскоро време.

автор: М.И.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o