На денешен ден (6-ти јули)

pol

На денешен ден, 6-ти јули во светот се случиле некои поважни настани меѓу кои:

1415 Во Констанц, денешна Германија, од католичкиот екуменски собор е осуден и погубен Јан Хус, свештеник и реформатор.
1535 Сер Томас Мор, автор на познатото дело Утопија и еднаш англиски Лорд-канцелар, е погубен поради предавство на Кралот Хенри

VIII откако одбива да се согласи со кралската одлука Англиската Црква да се одвои од Римската католичка црква.
1885 Лу Пастер успешно ја тестира својата вакцина против беснило; пациентот е Жозеф Мајстер, деветгодишо дете гризнато од бесно куче.
1908 Во Турција започнува т.н. „Младотурска револуција“, предводена од група млади офицери и интелектуалци незадоволни од владеењето на султанот Абдул Хамид II.
1928 Во Њујорк е одржана премиерата на филмот Светлата на Њујорк, првиот звучен филм во историјата на светската кинематографија.
1957 Во Ливерпул се запознаваат Џон Ленон и Пол Мекартни, идните основачи на една од најголемите групи на сите времиња Битлси.
1964 Малави прогласува независност од Обединетото Кралство.
1966 Малави станува република, со Хестингс Банда како прв претседател.
1967 Основана светската библиографска организација OCLC.

Comments are closed.

bilbord