На денешен ден (5-ти јули)

Isak_Njutn

На денешен ден, 5-ти јули во светот се случиле некои поважни настани меѓу кои:

 

1687 Исак Њутн ја објавува книгата „Математички принципи на природната философија“.

1811 Венецуела објавува независност од Шпанија.

1830 Фрaнција го окупира Алжир.

1884 Германија го освојува Камерун.

1946 Во Париз, Франција, за прв пат е промовиран новиот женски костум за капење – бикинито.

1954 Елвис Присли ја има својата прва снимачка сесија. Ги пее That’s All Right (Mama) како и Blue Moon of Kentucky. За многумина овој ден го означува раѓањето на рокенролот.

1962 Алжир добива независност од Франција.

1975 Зелено’ртските Острови добија независност од Португалија.

1977 Со воен удар во Пакистан е соборен Зулфиќар Али Буто, првиот слободно избран пакистански премиер.

1989 Се емитува првата епизода од комичната серија Зајнфелд, прогласена за најдобро телевизиско шоу според влијателното списание TV Guide.

Comments are closed.

bilbord