Младите на ЛК СДММ-Струмица со втора трибина од серијалот на трибини

tribina marsel bilali 013_1575x1050

Младите социјалдемократи од Струмица организираа втора трибина од серијалот, на тема „Социјалдемократија и процесот на евроинтеграции’’, а гостин – предавач беше политичкиот аналитичар д –р Мерсел Биљали.

Целта на оваа дебата, како што изјави претседателот на СДММ Костадин Костадинов,  беше да   младите социјалдемократи повеќе се запознаат со процесот на евроинтеграцијата, европските вредности, но и заедно да дискутират за моменталната политичка ситуација, каде е Република Македонија во моментов на патот кон Европа, и да ли таа има друга алтернатива освен  европското семејство.

На вечерашната дебата, објаснувајќи колкава е улогата на социјалдемократијата во евроинтегративните процеси, професорот Мерсел Биљали  изјави:

„При наши услови тешко дека може да се профилира од идеолошки аспект, дали левицата или десницата е во прашање во однос на динамиката или воопшто на политичка желба за евроинтегирање. Се чини дека работата е доведена до лична, или можеби до групна калкулација. Политиката е сведена на еден личен, групен интерес и тешко е да се направи компарација да ли левицата или десницата е повеќе заинтересирана. Но,  мислам додека левицата била дел од власта, евроинтегрирањето се покажало многу повитално, додека десницата покажа огромна стагнација, дури ги игнорира виталните столбови на евроинтегрирањето  кое го лесно закрива со патриотизам.’’ – објаснува Марсел Биљали.

tribina marsel bilali 017_1575x1050

На вечерашната дебата на младите во публиката се придружи претседател на СДСМ и градоначалник, Зоран Заев,  и пратеничката Цветанка Иванова.

tribina marsel bilali 013_1575x1050

tribina marsel bilali 006_1575x1050 tribina marsel bilali 007_1575x1050 tribina marsel bilali 009_1575x1050 tribina marsel bilali 011_1575x1050 tribina marsel bilali 012_1575x1050 tribina marsel bilali 013_1575x1050 tribina marsel bilali 014_1575x1050 tribina marsel bilali 019_1575x1050 tribina marsel bilali 021_1575x1050 tribina marsel bilali 022_1575x1050

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o