Комуналните инспектори во зачестени контроли за поголема јавна чистота

komunalec

Со зголемувањето на бројот на дивите продавачи, комуналната инспекција при општина Струмица го зачести инспекцискиот надзор на физички и правни лица кои вршат продажба  на земјоделски, текстилни и други производи на јавни површини.

Поради намалените цени на земјоделските производи  во овој период од годината, најбројни се уличните продавачи околу пазарите во градот. Комуналните инспектори на лице место постапуваат според своите овластувања  и изрекуваат мандатни казни согласно

Законот за јавна чистота. Глобата изнесува  50 евра или на сторителот на прекршокот  му се нуди општокорисна работа. Зачестените контроли ќе продолжат и во наредните денови.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o