На денешен ден (4-јули)

4ti

На денешен ден, 4-ти  јули во светот се случиле некои поважни настани меѓу кои:

1054 Експлозија на супернова е набљудувана од страна на Кинезите, Арапите и најверојатно Индијанците во близина на ѕвездата ζ Таури. Неколку месеци останува доволно светла за да може да се гледа и преку ден. Нејзините остатоција ја оформуваат Небулата Рак.
1776 На континентален конгрес во Филаделфија е усвоена Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави; овој ден во САД се слави како Ден на независноста.
1802 Вест Поинт, познатата воена академија на САД е отворена во истоимениот град во државата Њујорк.
1855 Во Бруклин, Њујорк од печат излегува првата збирка поеми на Волт Витмен – Листови трева.
1862 Луис Керол почнува да и раскажува приказна на Алиса Лидл што подоцна ќе прерасне во Алиса во Земјата на Чудата; точно три години подоцна, на 4 јули, издадена е првата книга од оваа незаборавна бајка.

 

1918 Болшевиците ги убиле рускиот цар Николај II Романов и неговото семејство (17 јули по новиот календар).
1939 Лу Гериг, легендарен американски бејзбол играч, го објавува своето повлекување од бејзболот.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o