Во јуни решени 69 проблеми на граѓаните преку „Систем 48“

sistem

Во текот на месец јуни до општинскиот сервис за брзи услуги  „Систем 48“, граѓаните на општина Струмица доставиле вкупно 86 пријави. Од нив решени се 69 пријави, а останатите 17 пријави се во процес на решавање  бидејќи се  работи за проблеми кои не се решаваат во период од 48 часа. По конкретно се работи за крпење на ударни дупки за кои е потребна тендерска постапка или поставување на нови сливници за кои исто така е потребна фирма изведувач и кроење на дрвја кои поради временскиот период, екипите задолжени за таа област, не се во можност да ги решат.

sistem

Најголем број од пријавите или 36 во месец јуни се од областа на  уличното осветлување, 23 пријави се за собирање смет, 18 од областа на водовод и канализација.
Бројот на поднесените пријави потврдува дека граѓаните на општина Струмица се повеќе му веруваат на „Систем 48“ и преку него бараат решавање на нивните проблеми. Најголем дел од нив се решаваат во рок од 48 часа.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o