На денешен ден (1- јули)

son

 

На денешен ден, 1 јули во светот се случиле некои поважни настани меѓу кои:

1097 Започнала Битката кај Дорилеја во текот на Првата крстоносна војна помеѓу турците селџуци и крстоносците.

1147 Започнала Опсадата на Лисабон која траела се до 25 октомври 1147 година. После ова Лисабон бил преземан од страна на португалците и крстоносците.

1520 La Noche Triste (Тажната ноќ) – здружените мексиканко-индијански сили, предводени од Ацтеките, ги поразуваат шпанските конквистадори на чело со Ернан Кортес.

1867 Стпил во сила Актот за британска Северна Америка, со кој се обединиле провинциите Канада, Њу Бранзвик и Нова Шкотска во Канадска конфедерација. Ден на Канада.

1921 Основана е комунистичката партија во Кина.

1962 Руанда и Бурунди се здобиваат со независност.

1963 Битлси го издаваат еден од најуспешните синглови на сите времиња – She Loves You – во Велика Британијa.

1979 Сони го патентира вокменот.

1997 Предавање на суверенитетот над Хонг Конг од Велика Британија на НР Кина.

2000 Пуштен во употреба Ересундскиот мост помеѓу Данска и Шведска

Comments are closed.

bilbord