На денешен ден (28-ми јуни)

den

На денешен ден, 28 јуни во светот се случиле некои поважни настани меѓу кои:

1098 Во Првата крстоносна војна крстоносците ги поразиле Турците во битката кај Антиохија.

1389 Се случила Косовската битка во која Србија била поразена од Отоманската Империја.

1914 Австрискиот престолонаследник Франц Фердинанд и неговата жена Софи се убиени од страна на Гаврило Принцип во Сараево, причината за почеток на Првата светска војна.

1919 Попишан е мировен договор во Версај, Париз со што завршува Првата светска војна.

1948 Донесена е Резолуцијата „За состојбата во КПЈ“ попозната како Резолуцијата на Информбирото, со која се осудува раководството на КПЈ и се повикуваат сите здрави елементи во Југославија да му се вратат марксизмот и ленинизмот.

1967 Израел го анектира Источен Ерусалим.

1989 На Газиместан на Косово одбележан е јубилејот 600 годишни од Битката на Косово. Централен настан на прославата, на која присуствувале околу еден милион луѓе, бил говорот на тогашниот српски претседател Слободан Милошевиќ со кој започнал неговиот подем како политичар.

1993 Република Македонија станува членка на УНЕСКО.

2001 Поранешниот српски и југословенски претседател Слободан Милошевиќ бил предаден на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, како прв шеф на држава кој бил предаден на Судот.

Comments are closed.

bilbord