На денешен ден (26-ти јуни)

fpizzaro

На денешен ден, 26 јуни во светот се случиле некои поважни настани меѓу кои:

1541 Во Лима, денес главен град на Перу, е убиен конквистадорот Франциско Пизаро.

1819 Патентиран е велосипедот.

1941 Во околината на Разлог Никола Парапунов ја формирал првата партизанска чета на територијата на фашистичка Бугарија.

1945 На конференција во Сан Франциско, делегати од 50 земји ја потпишуваат Повелбата за основање на Обединетите Нации.

1948 Студена војна: Западните сојузници воспоставиле воздушен мост до Западен Берлин, по блокадата на патишатата од страна на СССР.

1948 Вилијам Шокли го патентирал транзисторот.

1959 Отворен е пловниот пат помеѓу реката Сент Лоренс и Големите езера.

1960 Мадагаскар стекнува независност, претходно под управа на Франција.

1963 Џон Ф. Кенеди го одржува својот најпознат говор – „Ich bin ein berliner“.

1976 Во Торонто е отворена телевизиската кула ЦН Тауер, тогаш највисоката градба во светот.

Comments are closed.

bilbord