На денешен ден – 24 јуни

den

На денешен ден, 24 јуни во светот се случиле некои поважни настани меѓу кои:
972 Се одвива Битката кај Цедиња во близина на истоимениот град во Полска, во која полските сили ја забележуваат својата прва победа во историјата на војувањето.

1497 Џон Кабот стапнува на северноамериканско тло кај Њуфаундленд, Канада – прво европско откритие на регионот по Викинзите.
1509 Хенри VIII после женидбата со Катерина, вдовицата на својот брат, бил крунисан во Вестминстерската капела за крал.
1793 Усвоен првиот републикански устав во Франција.
1859 Пиемонт и Франција ја поразуваат Австрија кај Солферино, Северна Италија. Битката кај Солферино ќе го поттикне Анри Динан да го основа Црвениот Крст.
1861 Од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат Зборникот народни умотворби на браќата Миладиновци.
1894 Биl извршен атентат на францускиот претседател Сади Карно, кој се борел за ограничување на синдикалните права.
1901 Првата изложба на Пабло Пикасо во Париз.
1910 Јапонија ја освојува Кореја.
1918 Гиантскиот топ Големата Берта започнува со бомбардирање на Париз.
1940 Франција и Италија потпишуваат примирје.
1944 Македонска делегација во состав: Методија Андонов – Ченто, Емануел Чучков и Кирил Петрушев на Вис се среќаваат со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито, на средбата делегацијата го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача.
1945 Одржана парадата на победата над фашизмот во Москва.
1947 Прв познат случај на средба со НЛО. Кенет Арнолд, летајќи над Вашингтон, забележува девет светлечки дискови во форма на чинии.
1983 Јасер Арафат протеран од Дамаск.
1990 Основана е Работничката партија, левичарска политичка партија во Република Македонија.
1991 Врз основа на плебисцитот од декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определи за градење суверена држава и Декларацијата за независност, Словенија прогласи независност. Веднаш по тој чин дојде до оружени конфликти меѓу ЈНА и словенечката територијална одбрана. Воениот судир заврши за триесетина дена со Брионската декларација и повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во Србија и во БиХ.
1996 Мајкл Џонсон го надминува светскиот рекорд на 200 метри, со време од 19,66 секунди.
1999 Гитарата на Ерик Клептон со која е снимена Layla е продадена на аукција за 497,500 долари.

 

Comments are closed.

bilbord