Центар за странски јазици ,,Лингва Нова’’

LinguaNova

Училиштето за странски јазици Лингва НОВА е веќе добро познато во нашиот град. Како такво се вбројува меѓу најсовремените училишта од овој тип и тоа не само на територијата на град Струмица туку и пошироко. Училиштето започна со работа во октомври 2005 година и веднаш стана омилено место за сите оние на кои им е неопходна комуникацијата и тоа онаа секојдневната, па и деловната. А во ова време на динамични промени, време во кое сите ние се стремиме кон една единствена цел – свет без граници, јазикот е единственото нешто кое не` зближува. Невозможно е да се замисли комуникацијата без познавање на барем еден странски јазик. Токму тоа е и причината за која тие постојат и денес .

Постојат безброј причини зошто Вие би го избрале токму училиштето Лингва НОВА кога ќе решите да им се придружите на сите оние кои избрале да учат странски јазици, но ние ќе наброиме само некои од нив:

• Долгогодишно искуство во организирање и реализирање на настава за возрасни и деца по сите странски јазици;
• Млад и образован наставен кадар – синоним за интересни, интерактивни и ефективни часови;
• Квалитетна и современа настава која нуди индивидуален пристап во учењето, при што на сите слушатели им е подеднакво овозможено да комуницираат на јазикот што го изучуваат;
• Учебници прилагодени на возраста на слушателите;
• Најсовремени услови за работа со неколку модерно опремени училници и користење на аудио-визуелни средства во наставата;
• Светски признати и испробани наставни методи и материјали;
• Врвно обучен професорски тим;
• Пријатен амбиент за работа;
• Беспрекорна услуга;
• Курсеви според потребите на слушателите;
• Најнови интерактивни методи;
• Индивидуално/групно изведување на курсевите;
• Избор на термин кој Вам ви одговара;
• Единствена можност за усогласување на термини за повеќе курсеви;
• Подготовка/изведување на меѓународни испити;
• Континуирано следење на напредокот на ученикот и оценување преку редовни, полугодишни и завршни тестови
• Редовни извештаи за напредокот на учениците/слушателите кои се испраќаат до родителите/слушателите или по барање, до институциите/организациите
• Уверение(Диплома) за посетување и успешно завршување на курсот
• Семеен попуст и многу други поволности

Локација: улица ,,Братство Единство“ број 29 (во зградата на Народна Техника 1 кат) 2400, Струмица

контакт телефони: 034 323-771 и  070 394-544

lingva1

Comments are closed.