Малиот градски парк го добива новиот изглед

DSC_0019_1192x800

Малиот градски парк во Струмица веќе го добива новиот изглед. Повеќе работници на јавното претпријатие „Комуналец“ користејќи го поволното време интензивно работат на неговото довршување. Се поставуваат плочки на патеките, се поставува оградата, се вршат подготовки за поставувањето на урбаната опрема, а се врши и хортикултурно дотерување. Се претходно монтираните канделабри веќе се добива јасна слика за новиот изглед на паркот кој ќе биде во стар струмички стил и одлично ќе се вклопи во околината каде што се наоѓа. Малиот градски парк со својот нов, прекрасен изглед ќе биде уште едно пријатно катче за одмор на струмичани. Средствата за овој градежен зафат се обезбедени од буџетот на општина Струмица и од ЈПКД „Комуналец“.

DSC_0016_1192x800

DSC_0017_1192x800

Comments are closed.

Capture