89 пријави во ,,Систем 48’’ за месец ноември

Улици, патишта и тротоари, ова се најчестите области на кои се пожалиле граѓаните на Струмица во месец ноември кога и   доставиле  пријави до општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“.

Од сервисот информираат дека од вкупно доставените 89 пријави, 70  се целосно решени, а останатите 19 се во фаза на решавање бидејќи станува збор за посериозни проблеми. Освен за улици, патишта и тротоари, граѓаните пријавиле проблеми и од областа на уличното осветлување, собирањето смет, водовод и канализација. Општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ над една година е во служба на граѓаните  кои за овој период доставиле над илјада пријава, од кои најголем дел се целосно решени. Целта на воведувањето на системот е зголемување на транспарентноста на јавно достапните услуги кои ги нуди општина Струмица, подобрување на нивниот квалитет и професионално решавање на пријавените проблеми.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o