Презентирана анализата на пазарот на труд во општина Струмица

Денеска во просториите на Дом на АРМ се одржа презентација на анализата на пазарот на трудот во општина Струмица. Анализата ја направи локалниот економски социјален совет во соработка и со поддршка на УСАИД и преку неа се дефинираат приоритетите и се идентификуваат насоките на локалниот акционен план за вработување за периодот 2013 – 2015 година. Анализата на пазарот на трудот е направена врз основа на одговорите од прашалниците кои им беа доставени на 60 бизнисмени од општина Струмица и таа всушност претставува подготовка на акциониот план за вработување. На презентацијата беше истакнато дека работодавачите од младите луѓе најмногу ги бараат нивните лични квалитети, образованието и работното искуство. Околу 14 илјади луѓе во Струмица бараат работа, најголем дел се со средна стручна подготовка и нискокфалификувана работна рака. Отворањето на индустриските зони е една од можностите што ги нуди општина Струмица за намалување на невработеноста.

 

Comments are closed.

bilbord