Жителите на населеното место Добрејци добија парк

Општина Струмица ги интензивира градежни зафати за разубавување на населените места, со цел да ги направи попристојни места за живеење. Жителите на населеното место Добрејци добија парк. Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ комплетно ги заврши градежните активности, а поставени се клупи за седење и канти за отпадоци. Со ова жителите на Добрејци добија прекрасно место каде преку прошетки и седенки ќе можат да го поминат своето слободно време. Од Комуналец најавија дека градежните активности сега ќе ги префрлат во населеното место Вељуса и таму жителите ќе добијат комплетно среден парк. Според програмата, парк ќе се прави и во Муртино, а во населеното место Свидовица тој е веќе завршен. Парковите во четирите населени места ќе бидат уредени со тревни и цветни аранжмани исто како и парковите во градот.

 

Comments are closed.

bilbord