Струмичките пожарникари успешно ја завршија обуката во Велика Британија

Осумте пожарникари од територијалната професионална противпожарна единица на Струмица се вратија од двонеделната обука во најголемиот обучен центар во Северн Парк, во близина на Бристол во Велика Британија. Тие се уште ги средуваат впечатоците, а според првичните изјави обуката ја завршиле успешно и стекнатите искуства ќе им ги пренесат и на останатите колеги од единицата. Станува збор за еден од највисоките степени на обука што се одржа во организација на Операција Флоријан, која освен што одржува обука на пожарникари донира и противпожарна опрема. Струмичките пожарникари се специјализираа во три области, работа со дишни апарати, работа со алатки за справување при сообраќајни незгоди и други технички интервенции и урбано пребарување при елементарни непогоди, со што станаа инструктори обучени според европските стандарди. Пожарникарите од Струмица беа дел од македонскиот тим што го сочинуваа пожарникари од седум противпожарни единици.

Comments are closed.

bilbord