Одржана дебата на тема ,,Насилството врз жените – карактеристика на македонското општество?!’’

Организацијата на жени од Струмица како членка на Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство, се приклучи на меѓународната кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жените’’ и по тој повод денеска  организираше дебата на тема ,,Насилството врз жените – карактеристика на македонското општество?!’’.

Претставниците на релевантните институции кои учествуваа на оваа дебата разменија искуства за облиците на насилство над жените кои се карактеристични за македонското подрачје, но и за пронаоѓање можни решенија за нивно спречавање, како и помош на жртвите. По тој повод, Елена Димушевска, извршен директор на Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство изјави:.,,Во нашата кампања доста се работеше на семејното насилство и се забележува голем напредок. Но, во позадина останаа некои други облици на насилство кои постојат како појава во нашата држава, но не се доволно третирани, ниту имаме бројка колку често се случуваат. Примери се сексуалното насилство кое го среќаваме како сексуално вознемирување на улиците, на работа, или во бракот во кој овој термин не постои. Притоа, овде се малолетничките бракови, продажбата на сопруги, принудните бракови… Нашата намера е да делуваме и на тие полиња.’’

Глобалната кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жените’’ трае од 25 ноември до 10 декември, во Македонија во неа во минатата недела учествуваа 4 градови, а во ова ќе бидат вклучени уште 5 града, Струмица е една од нив.

 

 

Comments are closed.

bilbord