Одржана дебата за меѓуетничка интеграција во образованието

  Во просториите на Домот на АРМ во Струмица, се одржа тркалезна маса на која присуствуваа претставници од училиштата, невладиниот сектор, Бирото за развој на образованието, ученици, родители, членови на  Советот на општина Струмица, одговорните за образование од општина Струмица и други заинтересирани  страни. Оваа дебата се одржа во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование заедно со партнер организацијата, Центар за изведувачки уметности Мултимедиа.

    Присутните дискутираа на теми за одговорно граѓанство, градење почит и активно учество во училиштата, социјалната одговорност и иновативни пристапи во формалното и неформалното образование, како може да допринесеме за подобрување на образованието во еден мултикултурен/интеркултурен концепт на нашето општество и други прашања од практичното, секојдневно искуство во заедничкото живеење, училишната клима и односот на родителите и наставниците кон овие теми.

  Општина Струмица, како пилот општина во овој проект, ги поддржува сите училишни активности базирани на меѓуетничката соработка и активно придонесува за меѓуетничкиот дијалог и соработка во воспитно-образовниот процес во сите воспитно-образовни установи на територијата на општината.

 

Comments are closed.