Своите фотографии ги оставам на идните генерации – Сречко Гунчев

Понекогаш толку многу се концентрирам на сцената пред мене која сакам да ја фотографирам, ми се чини дека заборавам да дишам од желба да направам што подобра фотографија – признава Сречко Гунчев, струмичанец кој повеќе од четириесет години го фотографира својот град, неговите улици, неговите забави, неговите промени низ времето, неговите луѓе… и затоа заслужено покрај неговото име стои – најдобриот фотохроничар на Струмица.10369582_886118408088458_1068496471291874987_n

,,Можеби има и подобри од мене во фотографирање” – објаснува – ,,но, јас сум на некој свој  начин добар. Градам некој свој имиџ да луѓето сакат, и да пристануваат да ги фотографирам. Да не пружаат отпор. Струмичани ме сакаат, а затоа и моите фотографии, бидејќи јас ја сакам Струмица и нив, а тоа се рефлектира преку моите дела. Уште од одамна пробав да станам сликар, но сфатив дека моето сликарство не може да ,,излезе” од рамките и затоа се одлучив за фотографијата. Таа настанува побргу, а пак во неа можам да ја покажам мојата креативност и уметничката душа”.

А се започнало во далечните седумдесетти, во тек не средношколските денови кога со другарите ги купил првите фото – апарати Смена6, Смена8 со црно-бели филмови.393894_463014410398862_237908129_n

,,Тие први апарати, мислам дека беа руски, беа доста ефтини, како денеска да купите апарат за 1000 денари. Ќе отидевме на брдото, на Ловен Дом , на Св. Илија, и тамо настануваа нашите први другарски фотографии. Покасно фотографиравме екскурзии, ученици во школски дворови…Најубавите фотографии настануваа од времето на војничкиот живот” – присетувајќи се на раната младост Гунчев.

Кажува дека својот прв, личен фото-апарат Зенит кој го купил во средината на осумдесетите години го користел доста долго.Со него заработувал и пари како еден од ретките мобилни фотографи, но и забележувал и сите важни градски забави, од некогашните чајанки за 8.Март, книговодствените попладниња, дружењата во ,,Цар Самуил” до пензионерските собирања.

За пресвртницата во животот  ја смета својата ,,средба” со уметничкото фотографирање кога станал дел од струмичкиот театар каде и до денеска работи. Не може да се одлучи која фотографија му е повеќе драга- документарната или уметничката.

10363081_917726011594364_686738763933430786_n

,,Подеднакво сакам и двете да ги работам. Разликата е во тоа што документарната  добива на тежина по некоја деценија, додека уметничката е вредна сега и во иднина. Генерално, мислам дека не вадам ни 5% од добри фотографии, туку со дополнителна интервенција правам уметност бидејќи сега е ерата на компјутерите” – објаснува Сречко.

Сака да фотографира се што му е интересно. Од овошје, лампиони, инсекти, мачки, цвекиња, улици, пејзажи,  луѓе, до вилушки кои се случајно наместени на некоја свадба, на пример. Кажува дека сака да забележува и дневно – политички настани, но не и да ги коментира. На другите остава сами да читаа помеѓу редови.11011938_992380090795622_8509128484637400958_n

А како струмичани реагираат кога ги ,,фака” преку објективот на некој од струмичките улици?

,,Повеќето од нив позитивно реагираат. Некогаш се случува некој да стави рака пред објективот, или некој да е агресивен, но јас сето тоа го разбирам. Не им е денот, но не значи дека утре нема да им биде” – кажува Гунчев.

Сречко на некој начин ги има споено струмичани преку својата фејсбук страна СтараСтрумица. Ги има убедено струмичани да ,,прочепкат дома по неотворени фиоки и стари кутији ут иминии“ и да приложат фотографии од некогашна Струмица да на тој начин се овозможи тие електронски да се зачуват за во иднина.12038413_1058344554199175_4066862035885291193_n

,,Тоа се фотографии извадени од некои прашливи кутии, од таванот…тие се значајни бидејќи ни говорат за тоа како некогаш се живеело, како некогаш изгледала Струмица, како некогаш луѓето се облекувале, какви фризури имале, како изгледале спортистите на пример, и т.н.” – објаснува.

До таа идеја има дојдено сосема случајно додека барал фотографија за една претстава и сфатил дека градот располага со мала архива, само 50-60 сочувани.

,,Предложив на тогаш вработените во Музејот да направам албум на Фејсбук од тоа што тие го имаат на располагање и прифатија. После албумот го проширував со свои слики, па и други започнаа да донесуваат свои фотографии и така бројката се зголемуваше. На предлог на пријателите, отворив страна на Фејсбук која веќе има сериозен фонд со фотографии од стара Струмица што е вистинско богатство, зарем не? Секако, ја фотографирам и денешна Струмица. Сакам да направам што повеќе фотографии, идните генерации да знаат како Струмица се менувала низ времето, како се менувале нејзините улици, нејзините паркови, како настанувале новите објекти, како живееле нејзините граѓани. Таа е мојата цел” – признава тој.12208697_1083386701694960_8739295201674472876_n

И така, Сречко Гучнев ја исполнува својата самоинцијативна мисија. Секој ден со својот објектив ги бележи промените на градот, ги меморира за во иднина. Тој се води со мислењето:

,,Сите сакаме Струмица да ни даде, а не сфаќаме дека и ние треба да дадеме на неа, да допринесеме да таа биде подобра. Јас допринесувам со своите фотографии” -заклучува.12341484_1096016563765307_7983370387242505049_n

 

 

Comments are closed.