Пожарникари од Струмица на обука во Велика Британија

Осум пожарникари од територијалната професионална противпожарна единица на Струмица в сабота ќе заминат на двонеделна обука во Северн Парк, во близина на Бристол во Велика Британија.

Станува збор за еден од највисоките степени на обука што ги спроведува Mеѓународната хуманитарна противпожарна фондација „Операција Флоријан“, која освен што врши обука на пожарникари, донира и противпожарна опрема. Според Мијалче Крстев командир на ТППЕ на Струмица, кој е и национален координатор на Флоријан, обуката ќе се реализира во три групи, работа со дишни апарати, работа со алатки за справување при сообраќајни незгоди и други технички интервенции и урбано пребарување при елементарни непогоди. Општина Струмица и Флоријан во 2009 година потпишаа меморандум за соработка. Преку реализираните курсеви со инструкторите на оваа меѓународна фондација, пожарникарите од Струмица се стекнаа со напредни знаења и вештини во справувањето со тешки сообраќајни незгоди во екстремно тешки услови, давање прва медицинска помош, ракување со специфични алатки и извлекување на повредени и транспорт при елементарни непогоди, како земјотреси  и поплави.

Освен од Струмица на обуката во Велика Британија ќе учествуваат и пожарникари од уште шест противпожарни единици во Македонија

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o