Советниците ја прифатија програмата за развој на Струмица понудена од градоначалникот Заев

На денешната шеесет и втора седница на Совет од општина Струмица, дел од вкупно 44 капитални програми за развој Струмица во 2013, 2014 и 2015 године кои беа предложени од градоначалникот Зоран Заев, а за кои  членовите на  Советот  дадао согласност се: виртуелна сообраќајница, при пејд паркиралишта, прочистителна станица,  воведување јавен превоз, голф терен на Чам Чифлик, поврзување на градот со ридовите над него, нова населба на турското маало, изградба на детски градинки.

Во предлог планот на програмите за развој се и изградба на трим патека во Банско, западен бедем на локалитетот Цареви кули, поставување сончеви колектори во ООУ „Сандо Масев“, изградба на мрежа за гас, реконструкција на старата чаршија, инфраструктурно уредување на Софилар и Егејското маало, реконструкција на домовите на културата, улици и тротоари, изградба на нови водоводни и канализациони мрежи и улици во градот и населените места. Планот на програмите за развој на општина Струмица понуден од градоначалникот Зоран Заев,  ги содржи сите капитални програми од кои поголем дел се повеќегодишни и даваат една слика во кој правец ќе се движи развојот на општината.
Градоначалникот Зоран Заев рече дека станува збор за проекти кои ќе ја направат Струмица најубаво и најперспективно место за живеење.

Денеска Советот го усвои и  кварталниот извештај на буџетот на општина Струмица за третиот квартал од 2012 година,  а се усвои и предлог одлуката за измена на распоредот на буџетските средства на општината за оваа година. Беа усвоени и повеќе предлог одлуки од областа на урбанизмот.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o