Реакција на прес-конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Струмица одржана на ден 09.11.2012г.

По денешната прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Струмица со реакција од Кабинетот на Градоначалникот.

,,Луѓето на ОК на ВМРО ДПМНЕ повторно, по кој знае кој пат, се однесуваат како да се паднати од друга планета или како да живеат во Крива Паланка и Македонски Брод, а не во Струмица. Како такви се осудуваат  да постават прашање , каде се 35 нови фабрики во Струмица изградени во времето на градоначалствувањето на Зоран Заев. Но таа бројка веќе не ја одразува вистината затоа што не се 35 туку 39. Додека струмичките  опозиционери затворени во своето партиско дувло  „копаат“ барајќи да пронајдат некаква пикантерија за Градоначалникот Заев, не се ни свесни дека  во меѓувреме се изградиле уште четири фабрики плус. Останатите кои веќе имаат одобрение за градба, во скорешна иднина ќе ја зголемат таа бројка.

Дами и господа од ОК на ВМРО ДПМНЕ, фабриките се секаде околу вас. Потребно е само малку да прошетате низ општината и ќе видите неколку конзервни фабрики , повеќе производни капацитети за производство на мебел, фабрика за суви малтери и градежни материјали, производни погони за хемиски средства за чистење, за прехрамбени производи, за метални профили, за текстил и конфекциски производи, за делови за електични уреди и други. Сите тие плаќаат даноци. Прашајте ги вашите инспекциски служби и ќе ви кажат, за да не се срамувате и понатаму пред струмичката јавност  држејќи празни прес конференции.

И за крај, Кабинетот на Градоначалникот  Заев ја користи оваа можност јавно да ве покани на утрешната свеченост во 18 часот на Градскиот плоштад  по повод почетокот на користењето  на природниот гас во Струмица. Надминете се себе си, скршете ги партиските стеги и дозволете си барем еднаш да се израдувате на еден капитален проект, ако за сите досегашни, душа не ви дава да сторите такво нешто. А веќе од задутре повторно вратете се во своето дувло и вратете и се на старата песна, држејќи прес конференции на кои ќе ги убедувате струмичани колку е Заев неспособен и како напразно ги троши нивните пари.” – стои во писмената реакција од Кабинетот на Градоначалникот.

 

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o