Фото – анкета: Како струмичани го оценуваат ноќниот живот во Струмица?


Ноќниот живот во Струмица за мене искрено е добар, но сепак треба малку поурбано да се дејствува во ноќните барови и кафичи, се едно исто, се тие пак тие. Мислам дека редно е да дојдеме во тек со времето.

Ѓорги Костовски

 


Струмица има добар ноќен живот но јас во последно време не сум дел од него.

Трајче Филев

 

 

 

Задоволен сум од ноќниот живот во Струмица, после Скопје, тука е најдобриот ноќен живот според мене.
Александар Стојанов

 

 

 

Како млада индивидуа која пораснала во Струмица морам да истакнам дека животот во Струмица е прекрасен. Кога сме кај ноќниот живот би истакнала дека е доста активен и интересен, забавите се од различен тип но и од различен квалитет. Она што мене ми недостига како дел од младата популација се следење на поквалитетна музика и поскромна младина, зошто сепак ние сме креатери на моралот во социјалниот живот.
Марија Петрова

 

 

Ретко излегувам по баровите но тоа што се нуди во Струмица ми се допаѓа.
Елена Ѓоргиева

 

 

 
 

Струмица има доволно урбани и нови локали за да ја собере цела Македонија, но штета е што им фали иновативноста и специфичноста во понудата. Да, сите нудат забава, но и сите од нив поддржуваат и промовираат ист тип на музика, па и авангардните се принудени да се спојат со масата.
Гонце Ѓоргиева

 

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o