Работниците го поплочуваат шеталиштето од ,,19-ka” до паркот

     Почна поплочувањето на шеталиштето од градскиот плоштад до паркот, односно од кафе барот  „19“ до пред споменикот на Револуцијата. Гранитните плочки во комбинација со травертин веќе го откриваат новиот модерен лик на  најфреквентното шеталиште во Струмица.

   Подземната електрична инсталација е  целосно завршена и во текот на утрешниот ден ќе бидат поставени нови канделабри. Откако ќе заврши поплочувањето ќе биде поставена и комплетна нова урбана опрема. Вкупната површина која се  реконструира изнесува околу илјада метри квадратни, а реконструкцијата е финансирана од буџетот на општина Струмица.

Comments are closed.

64867_108681305985117_2023158677_n