За прв пат ,,Балонијада” во Струмица – интервју со Лазо Илиески

 

Утре во Струмица на плоштадот ,,Гоце Делчев” со почето од 17 часот за прв пат ќе се одржи ,,Балонијада”, манифестација наменета за деца, но и за возрасните кои сеуште се осеќаат како деца. По овој повод, StrumicaCity разговараше со главниот организатор на оваа случување, Лазо Илиески.

Од каде оваа идеа за ваков вид на манифестација во Струмица?

- Идеата настана од Александар Прендиќ, момчето кое ќе биде инволвирано во самата манифестација како илузионист, а јас бидејќи сум од Струмица сакам да биде тука и затоа ја преземав улогата на домаќин и одговорноста на главен организатор. Сакам оваа убава идеа за заживее овде и да стане дел од традицијата во нашиот град. Балонијадата е еден вид на забава за децата. Има толку многу манифестации, а мал е бројот на оние за деца. Па така решивме да направиме токму ние нешто за нив.

Што можат посетителите да очекуваат утре?

- Посетителите ги очекуваат многу изненадувања: кловнови, возови, магионичар, Мики Маус, Том… Ќе биде и дел од Луна паркот ,,Силвер” и уште многу други нешта.  Градот ќе биде преплавен со стотици хелиумски балони кои во еден миг ќе ги пуштиме во воздухот а со кои ќе пуштиме и стотици желби од стотици мали срциња.

Кој ја финансира оваа манифестација?

-Финансиите доаѓаат од Општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев, а имаме и некои спонзори помагатели како што се хотел Илинден, Ресана, Хит радио, Тв Вис итн…

По тој повод, ги поканувам сите Струмичани утре на гратскиот плоштад во 17 часот да бидат дел од забавата, гарантирам дека ќе се вратат дома со огромни насмевки на лицата!

автор: М.И.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o