Уште еден грант од Европската Унија за Струмица

Општина Струмица доби грант од Европската Унија во износ од 192 илјади евра, наменет за создавање на енергетски ефикасно и независно училиште. Ова значи дека за десет месеци во основното општинско училиште „Сандо Масев“ ќе биде имплементиран независен систем со инсталиран капацитет од 18,5 киловати со очекувано производство на 22 мегават часово електрична енергија на годишно ниво. Со ова најголем дел од потребната енергија во ова училиште која се користи за осветлување, напојување на компјутери и други електрични уреди ќе се создава преку искористување на сончевата енергија.

- За реализација на овој проект ќе биде заменета целокупната кровна конструкција на училиштето, а на дел од него ќе бидат монтирани 10 фотоволтаични панели за индивидуален систем за производство на електрична енергија од сонце. Во просториите на училиштето ќе биде сместена целокупната опрема наменета за трансформација, акумулирање и дистрибуција на електричната енергија. Дополнително, ќе извршиме замена на светилките во целата училишна зграда со нови штедливи светилки со крајно економични енергетски параметри со цел да постигнеме максимален процент на заштеда на енергија. Искористувањето на обвновливите извори на енергија има се поголемо заначење за сигурноста и безбедноста во снабдувањето со енергија и особено во зачувувањето на животната средина. Токму поради тоа општина Струмица во континуитет применува обновливи извори на енергија бидејќи потребата  од енергија се повеќе се зголемува, а електричната енергија е се поскапа, рече на денешната прес конференција градоначалникот Зоран Заев.

Инаку, струмичкиот регион има одлични природни услови за искористување на сончевата енергија за производство на електрична енергија, пред се заради големиот број сончеви денови кој според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи изнесува 2444 сончеви часа годишно. Според пресметките, просечното дневно сончево зрачење во Струмица е околу 4,2 киловат часови на метар квадратен. Проектот за создавање на енергетско ефикасно и независно училиште е подготвен заедно со Центарот за развој на југоисточниот плански регион, општина Петрич и асоцијацијата на југозападни општини од Бугарија, а во рамките на програмата на ЕУ за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија. Досега, општина Струмица преку грантови од фондовите на ЕУ има искористено над13 милиони евра.

 

 

www.strumica.gov.mk

 

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o