Комуналец ги отстранува наносите по улиците од поројните дождови

Екипи на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска во акција за расчистување на градот од наносите од кал и песок што ги предизвикаа поројните дождови што викендот го зафатија регионот. Со луѓе и механизација се работеше на неколку локации, но најмногу во понискиот дел на градот и тоа на улиците „Браќа Минкови“, „Максим Горки“, „Младинска“, како и во околината на средното општинско училиште „Никола Карев“. И викендот беше работен за комуналните работници, тие интервенираа на најкритичните места во градот и спречија последици од поголеми размери. Освен во отстранувањето на наносите од улиците, екипи на „Комуналец“ денеска работеа и на средување на цветните алеи на булеварот „Маршал Тито“ и на санирањето на остатоците од поставувањето на новото осветлување на булеварот „Гоце Делчев“.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o