Никола Ристановски е годишниот лауреат на ФКТ „Ристо Шишков“

Добитник на наградата за највисоко актерско остварување на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков„ за 2012 е Никола Ристановски, првак на Македонскиот народен театар, за улогата на Молиер во преставата „Животот на Молиер„.

Така одлучи петчлената меѓународна жири комисија, а одлуката ја соопшти претседателот на истата, минатогодишниот лауреат Борис Чоревски. „Во наведената роља, Ристановски со мајсторска минуциозност ги владееше сценските ситуации и супериорно се наметнуваше како перфектно зрел актер, претставувајќи сугестивен лик обоен со сите свои квалитативни одлики. Имено, неговата маестрална телесна пластичност и говорната артикулација беа пример за високо професионално водење на драмскиот лик со сите свои изразни аспекти. Креацијата на Никола Ристановски, безрезервно се истакна во текот на целиот овогодишен фестивалски репертоар“, стои во образложението на жири комисијата.Шишков“ 2012 е актерот Никола Ристановски, првак на Македонскиот народен театар,  за улогата на Молиер во претставата „Животот на Молиер„.

Наградата, златен медаљон со ликот на бардот на македонското глумиште, Ристо Шишков и паричниот износ од 1.500 евра, вечерва на свеченото затворање на фестивалот, ќе му ја врачи градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев. Во чест на наградениот актер, ќе биде изведена претставата „Животот е сон“ во режија на Владо Цветановски, а во продукција на Македонскиот народен театар.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o