Комуналец во голема акција за чистење на градот и населените места

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ почна голема  акција за есенско, генерално чистење на градот и населените места. Се работи на неколку локации, со луѓе и механизација. Акцијата почна во населеното место Добрејци, таму се работеше два дена и од денеска екипите се префрлија во населеното место Куклиш каде комплетно се чистат улиците и другите делови од песок, наноси и разновиден отпад. По Кулиш, акцијата продолжува во Просениково, Вељуса, но и во сите останати населени места кои гравитираат кон општина Струмица. Паралелно со чистењето во населените места, се чистат и пороите во градот. Денеска комплетно се чистеше поројот на улицата „Васил Главинов“, а по него ќе почне и чистењето на поројот на „Крушевска Република“. Акциите за генерално чистење на градот и населените места се традиционални,  кои ЈПКД „Комуналец“ ги спроведува во пролетниот и есенскиот дел од годината.

 

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o