Отворена 49-та Струмичка ликовна колонија

Синоќа во НУЦК ,,Антон Панов’’ се отвори 49-та по ред Меѓународна струмичка ликовна колонија на која се претставија уметнички дела на 18 уметници од Македонија, Србија, Полска, Бугарија, Русија, Турција, Хрватска, Албанија и Црна Гора.
Изложбата ја отвори Васил Ѓоргиев, директорот на Националната установа Завод и Музеј во Струмица, и сите заинтересирани можат да ја посетат колонијата во наредните две недели.
На струмичката колонија за прв пат учествуваше и Васе Урдин, брат на основачот на струмичката колонија Кочо Урдин, кој најави и своја самостојна изложба во Струмица на 11-ти октомври.

M.M.

 

 

 

 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.270102909772961.62473.261733853943200&type=1

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o