Момче од Струмица отворило лажен FACEBOOK профил

Момче од Струмица, отворило лажен facebook профил, на кој се претставувало како државен службеник од Собранието на Македонија, јави МВР.

Единицата за Компјутерски криминал при Центарот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВРподнесе кривична пријава против К.К.(17) од Струмица, за сторено кривично дело “злоупотреба на лични податоци” по член 149 ст.1 од КЗ на РМ.

Пријавениот, во текот на август 2011 година без знаење и согласност на оштетеното лице, функционер во Собранието на Република Македонија, извршил злоупотреба на личните податоци од оштетеното лице на тој начин што преку интернет симнувал јавно објавени фотографии од оштетениот со чија помош на социјалната мрежа за дружење и ширење познанства www.facebook.com објавувал содржини во вид на текст, стекнувал познанства и обавувал разговори со повеќе лица, претставувајќи се во име на функционерот.

При преземањето на мерките и активностите од страна на Единицата за компјутерски криминал за откривање на лицето кое ги злоупотребило податоците е утврдено дека постои регистриран профил со наведените податоци, пронајдени се повеќе фотографии и текстуални содржини постирани од име на функционерот.

Преку одговорните лица на социјалната мрежа за дружење facebook се побарани податоци за IP адресата од која е креиран и одржуван наведениот профил при што се добиени логови на ИП адреси за бараниот профил.

Од извршените проверки за тоа кое лице ја користело IP адресата од која е креиран и одржуван наведениот профил е утврдена локацијата од каде е пристапувано до истиот, односно домот на пријавеното лице во Струмица.

Од извршениот претрес во домот на пријавеното лице при што е пронајдено и одземено компјутерско куќиште од кој пријавениот пристапувал на интернет и истото е доставено на вештачење во Одделот за криминалистичка техника во МВР.

Од извршеното вештачење утврдено е дека на одземениот компјутер се наоѓаат повеќе фајлови и податоци од кои се потврдува дека со одземениот компјутер е пристапувано на лажно креираниот профил на www.facebook.com.

Исто така пронајдени се и веб страниците на интернет од каде што се симнати фотографии подоцна користени при креирање на профилот.

 

превземено од: hajdpark.mk

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o