Издадени 650 решенија за легализација на дивоградби

Најчести проблеми со кои што се соочуваат службите во секторот за урбанизам и комунални дејности во легализација на дивоградбите во Струмица се нерешените имотни проблеми и непочитувањето на законскиот рок од десет дена за плаќање на таксата.
Согласно законот за постапување со бесправно изградени објекти, Секторот за урбанизам и комунални дејности, досега издал 650 решенија за легализација на дивоградби. Од вкупно поднесените 9.300 барања, од страна на граѓаните се доставени само 2.200 елаборати, од кои за 1.300 е донесена урбанистичка согласност. Според информацијата од Стојан Динев, раководител на секторот за урбанизам и комунални дејности, голем дел од комплетираните барања се во фаза на мирување бидејќи странките се упатуваат во решавање на имотни проблеми за кои одлучуваат други органи. Исто така, од страна на граѓаните не се почитува и законскиот рок од десет дена за плаќање на таксата за легализација по доставувањето на пресметката за предмети за кои е издадена урбанистичка согласност. Од секторот за урбанизам апелираат до граѓаните, да ја комплетираат документацијата за да може да се решаваат барањата за легализација на бесправно изградените објекти.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o