Џоша Митич за Струмица

Познатиот српски забавувач, комичар и актер Богољуб Митич познат како Џоша, го пронајдов во кафеана во близина на театарот. По пробата за вечерашната представа ,,Ѓаволијада’’, одмараше со разговор и пијалак со своите пријатели.

Кажува дека за неговото доаѓање сите позитивно реагирале, го поздравувале на улица, се фотографирале со него, го дочекале како свој познаник и пријател. Поради тоа што со своето доаѓање овде го привлече  вниманието на многу Струмичани, јас сакав да знам како впечаток му оставила Струмица.

- Во Струмица сум по прв пат и можам да кажам дека впечатоците ми се доста пријатни. Прошетав по градот и забележувам дека е доста среден, убаво дотеран, се гледа дека доста труд и работа има вложено во него. Центарот изгледа убаво, исто и паркот каде што е езерцето. Посебно вниманието ми го привлече споменикот на Гоце Делчев и натписот на него ,,Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар помеѓу народите’’. Затоа и ние од шабачкиот театар гостуваме овде, да бидеме дел од еден значаен театарски фестивал како што е ,,Ристо Шишков’’.

Џоша е познат боем, и кафанскиот свет е дел од неговиот живот. За кратко време колку што е овде, ги прошетал струмичките кафани и има само пофални зборови за гостопримството на Струмичаните.

- Овде се осеќам како да сум дома. Луѓето се доста пријатни и гостопримливи. Можам да кажам дека Македонија ја чувствувам како своја земја, исто како и Србија. Овде се осеќам опуштен и ми годи пријателската атмосфера, а посебно би истакнал дека имате одлична клима. Мојот колега од шабачкиот театар  изјави дека со задоволство би живеел овде, одушевен е од вашиот град.

M.M

Comments are closed.

bilbord