Струмица низ времето

Драги и почитувани сонародници, светски интелектуалци и универзитетски професори, билионерски инвеститори,продуценти и уметници од секоја бранша… Свртете го светскиот глобус,фокусирајте го погледот во источниот дел од Македоија и доближете се до градот кој наликува на митски потонатата Атлантида- историскиот Астраион,латински наречен Тивериопол- современа Струмица. Дојдете, видете, проценете!!!strumica

Од царски дни , до византиско ропство и митски приказни за легенди како Струма, преку отоманско владеење, низ две светски војни, со современа и идеална Струмица. Струмичката голгота нималку не изгледа едноставна. Историскиот пат на нашите предци, со сите свои крвопролевања и мировни мисии, водел кон широко отворените порти на денешна Струмица. Секоја трага од далечното и блиско минато се чувствува во секое делче од Струмица, во секоја културна установа и на секој споменик подигнат во чест на индивидуалното и групно дејствување, со цел за нивно величење и пренесување на нивните космополитски пораки.

Со една плодородна географска положба исполнета со благодети од природата, Струмица нуди развиток на секакви обработливи култури и можност за презентирање на истите, на европските и светските пазари.

Неизбежно е да се тргне погледот од убава силуета во зелено здолниште и пепелави високи потпетици, а уште помалку од златесто- сјајните коси кои несомнено ги прегрнуваат зелените планински ридови и врвови. Како таква Струмичката дама изгледа се попривлечна за своите граѓани, а уште попривлечна за странците кои сакаат да ја запознаат одблиску.Несомнено ова ви наликува на некоја Петраркистичка идеја за перфекционизам и идеализам. Па драги мои, секое мало прстче, секоја мала идеја, секоја човечка тага,секое зрнце трага на провинцијализмот и интелектуализмот,преку една временска машина, потсвесно или свесно, го довел ова парче земја до перфекција.

Денес живееме во град кој се темели на светски дизајн, футуристички идеи и современи решенија. Глобализацијата допре и до ушите на нашата прекрасна дама,па со сите свои предности и мани и наложи меѓународен поглед кон иднината. А кој не би сакал да стане рано наутро и да прошета низ убавите улици на Струмица ?! Кој не би сакал да си седне на топло чајче или Струмичко кафе и да се порадува на сончевата идила?! Епа драги мои , ете баш онака како што ни налага и самата традиција - Во Струмица на улица !

И кога сме веќе кај традицијата, кој не би сакал да биде дел од спектакуларното шоу -Струмички карневал, од кој може да се види уметничкиот потенцијал на млади, дредовечни и стари космополити.

Струмица денес носи еден клучен дел од минатото. Струмица денес е град на ѕвездите. Блескајки со сиот свој раскош и преку убавината на младешкиот  изглед, навечер наликува на Лас Вегас и Холивуд. Ете тоа е Струмица на младите. На забавата во Струмица и нема крај, ама сивите поплочени ѕидини наложуваат одговорност која е главен адут на струмичкиот граѓанин. Гостопримството и љубезноста не изостануваат и се дел од културата на нашите предци, се дел од нашата сегашна култура и ќе бидат дел од културата на нашите идни поколенија. Во овие тешки денови на економски падови во светот, Струмица ја доживеа својата колуминација, се издигна и застана цврсто на светската мапа. Денес таа е инспирација на многу успешни архитекти. Нејзините природни убавини се инспирација на најтелентираните поети и уметници. Нејзините плодни земјишта се мета на низа успешни инвеститори. Нејзината историја иснспирација за најнадарените археолози и продуценти.Нејзината иднина,инспирација на најголемите експерти. Дојдете, видете, проценете!!!

Денес најдрага дамо моја,

Од срце и од душа

Со цел глас што насекаде се слуша

Ти благодарам за подршката твоја!

Твојата убавина краси

Се чувствува, се гледа

Во секој чекор, секоја педа

Историјата на чаршиските тераси!

Твојата љубов ја чувствува граѓанинот твој

Затоа ги планира постапките свои

За подобро утре, за подобра иднина

За космополитска политика

За подобра естетика

За долгорочна етика и  живот без патетика!

Dedicated to Strumica… My beautiful town

Марија Петрова

Comments are closed.

bilbord