Прес конференција на ОО СДСМ Струмица – 11.09.2012

Прес конференција на ОО СДСМ Струмица – 11.09.2012

Почитувани,
Откако ја доведоа државата до питачки стап, ги задолжија граѓаните до највисоко ниво и го поделија народот, луѓето од ВМРО ДПМНЕ лицемерно побараа да го слушнат мислењето на граѓаните.

Откако ја направија државата рекордер во сиромаштија и мизерија, земја во која платите се со најмала куповна моќ а поскапувањата се секојдневни и претставуваат кошмар, откако граѓаните ги принудија да станат експерти за покривање на рати преку неколку кредитни картички, прашуваат за потребите на граѓаните.
Откако економијата, стопанството и индустријата ги фрлија на колена а земјата ја направија зависник од кредити, ВМРО ДПМНЕ бара идеи.
Откако направија граѓаните, сопствениците на мали продавници и стопанствениците да имаат уплав од превисоките казни и глоби од инспекторите за најситни пропусти, ВМРО ДПМНЕ бара предлози.

Откако непродуктивното трошење на парите од граѓанните по разни реклами, споменици, скапи огради и жални врби, им стана омилена активност, луѓето од ВМРО ДПМНЕ безобразно побараа да го слушнат барањето на обичниот човек.

Какво лицемерие.
Е па господа од власта, со оглед на тоа што вчера не добивте ниту еден предлог и за половина час го кренавте штандот, редно е да ви стане јасно дека граѓаните на општина Струмица има каде да ги даваат своите идеи. Оти знаат дека само локалната самоуправа предводена од градоначалникот Зоран Заев може да им ги реализира.
И ако навистина сакате нешто да направите за сограѓаните, запрете го бесправното сечење на шумата околу струмичкиот регион. Еве ви и видео материјал за да се уверите како се уништува зелениот појас околу градот.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ОО Струмица ви ја упати првата идеа, Вие сте на ред – Запрете го безмилосното загрозување на нашите бели дробови.
Институциите на власта конечно нека се фатат за работа.

Comments are closed.

bilbord