Заврши форумот во Јужна Кореја

Во Сеул, Јужна Кореја, заврши светскиот форум за овластувањата на општините во градењето на општеството без отпад на кој присуствуваше и градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.

Тој имаше презентација на концептот за регионален пристап во изнаоѓањето на решение на проблемот со собирањето, транспортирањето и санитарното депонирање на смет – предизвици, ризици и одлуки на општините и регионите во светот. На форумот се дебатираше за проблемот што го има целиот свет со соодветното решавање на отпадот кој го создаваат луѓето и фирмите, а беше истакната и загриженоста за таквата состојба. Се усвои резолуција која ќе биде доставена до Обединетите Нации, како и препорака до сите влади во светот за донесување на соодветна регулатива за итно решавање на овој горлив проблем кој ја загрозува иднината на нашата планета. На дводневниот форум свое излагање имаа преку 100 градоначалници од сите делови на светот, министри и други претставници на влади, како и претставници на најголемите светски непрофитни еколошки организации. Градоначалникот Зоран Заев, беше единствен претставник од југоисточна Европа на овој глобален форум, избран од страна на седиштето на РЕЦ во Унгарија.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o