Во средба на ,,Ристо Шишков“

Со откривањето на бистата на Ристо Шишков во 19:00 часот пред Домот на културата ,,Антон Панов“ денес почнува дваесеттиот Меѓународниот камерен театар посветен на овој голем македонски бард.

Посетителите на фестивалот од 8-ми до 13-ти септември ќе можат да уживаат во 15 претстави кои за нив ќе ги изведуваат актери од Македонија, Литванија, Словенија, Англија, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора и Косово.

Од 9-ти до 13-ти септември во просториите на Домот на културата од 11:30 часот ќе се организираат разговори (фоаје) на кои учесниците ќе дискутираат за претставите кои се одиграни претходната вечер.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o