Интервју со Круме Смилков – Утре започнува “Стрит баскет“ во Струмица

Утре започнува вториот по ред “Стрит баскет – Струмица 2012“. За претстојниот турнир StrumicaCity разговараше со Круме Смилков, еден од организаторите на овој спортски турнир.
Колку екипи се имат пријавено досега за натпреварувањето и дали е завршено пријавувањето?
- Досега се имат пријавено 18 екипи, а пријавувањето трае до денеска, до 18 часот. Потоа, ќе се извлекува ждрепка и ќе се прави распоредот на играење. Пријавата е бесплатна и екипата мора да брои 3+1 играчи.
Од каде се пријавените групи?
- Натпреварувачите се од Струмица, но имаме и две екипи од околината. Интересно е тоа што ни се најавија и две женски екипи, но тоа уште не е потврдено.
Какви награди ќе добијат победниците?
- Победниците ќе добијат парични награди, првата награда е 200 евра, втората 100, и третата 50 евра. Финансирањето е од страна на Општина Струмица, а и публиката може да очекува награди.
Кој е задолжен за музичкиот дел од вечерта?
- На турнирот ке настапат “Дивизија“ – хип хоп група од Струмица. Дојдете утре од 20 часот на Плоштадот  “Гоце Делчев“  да се дружиме и забавуваме, а доколку сакате да учествувате и освоите некоја од наградите, сеуште не е касно да се пријавите!
М.М

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o